23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме помош за економијата

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„470 милиони евра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството. Од нив, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември. 27,6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари“, кажа тој.

Со ребалансот, додаде тој, се поддржуваат и важни проекти на локално нови низ речиси сите општини.

„120 милиони денари се наменуваат за реконструкција на Универзална сала во Скопје, седум милиони денари за реконструкција на Соколана во Куманово, шест милиони денари за изградба на кружни текови во Кочани, 20 милиони денари за нов систем за водоснабдување во општина Чаир, 15 милиони денари за изградба на основно училиште во населено место Црвица во општина Кичево“, рече Костадинов.