Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска и Шекеринска на средба со наградените информатичари на олимпијадите во Грузија и Сингапур

Министерките за образование и наука и за одбрана, Мила Царовска и Радмила Шекеринска, се сретнаа со учениците што постигнаа големи успеси на двете врвни интернационални олимпијади по информатика во Грузија и во Сингапур и поразговараа за предизвиците што ги имаат во наставата, како и за начинот на кој се подготвуваат за натпреварувањата.

На Интернационалната олимпијада по информатика во Сингапур учествуваа Благојче Павлески, Андреј Величковски, Андреј Шекеров и Тео Китановски, а тимот што учествуваше на Европската јуниорска олимпијaда по информатика во Грузија го сочинуваа Сара Стефановска, Атина Рувинова, Јан Стојановски и Иван Јованоски.

Министерката Царовска рече дека промовирањето на постигнувањата на учениците е поттик младите да се натпреваруваат со врсниците од светот и да постигнуваат што подобри резултати.

„Секој медал доаѓа како резултат на многу учење, посветеност и желба постојано да се открива нешто ново во областа во која истражувате. Информатиката е испреплетена во сите сфери на современиот живот и затоа вашите резултати се уште позначајни. Продолжете истрајно да учите и да бидете наша гордост, а ние како Министерство за образование и наука и како Влада ќе бидеме ваша поддршка и ќе го поттикнуваме зголемувањето на интересот за стекнување повисоки знаења“, укажа Царовска.

Охрабрувајќи ги сите ученици да вложуваат во себе и во своето знаење, министерката за одбрана Шекеринска изјави дека од почетокот на 2021 година Министерство за одбрана ќе почне со стипендирање млади што студираат и се образоваат за т.н. критични специјалности за Армијата.

„Тоа се области што им се потребни на Армијата и на нашата одбрана, а ги немаме доволно. Такви се областите информатика, електротехника, сајбер-одбрана, области во кои ни треба специјализирано знаење, но ќе ни треба и дополнителна наобразба. Стипендијата ќе ги опфати сите години на факултетот, со единствен услов кандидатите да преземат обврска по дипломирањето да работат во полза на нашата одбрана и нашата Армија“, рече министерката Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК