10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Делови од улицата Благоја Стефковски во Маџари ќе бидат затворени до понеделник

Град Скопје известува дека поради градежни активности за реконструкција на улицата Благоја Стефковски, од денеска до 21 часот, па до понеделник, 2 номври, на оваа улица ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

„За да може да се реализира проектот во најкраток можен рок, а и да се искористат престојните денови од викендот, затворена за сообраќај ќе биде улицата Благоја Стефковски на потегот веднаш по железничката рампа и пруга Скопје – Белград (гледано од правец Трубарево – центар на Скопје), со што ќе се остави можност за премин од Трубарево кон хотелот ‘Белви’, каде што ќе се насочи целиот сообраќај по автопатот кон булеварот Александар Македонски во Автокоманда. По истата рута ќе се движат и сите градски автобуси што сообраќаат кон Катланово и обратно“, соопшти Град Скопје.

Во другата насока улицата Благоја Стефковски ќе се затвори кај крстосницата со улицата Дончо Штипјанчето во непосредна близина на црквата „Св. Спас“ во Маџари.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја искористат околната улична мрежа за да стигнат до посакуваните дестинации“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: