25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Да им дадеме простор и поддршка на историчарите да работат на историјата, а ние да градиме пријателства, македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори

Во продолжение одговор на премиерот Заев, на новинарски прашања после одржаната седница на Советот за безбедност од страна на Претседателот Пендаровски.

На прашањето поврзано со актуелните случувања со Република Бугарија премиерот одговори:

“Она што јас можам да го потврдам е дека немам некои нови информации кои што ги пишуваат меѓународните портали, а нашите медиуми ги пренесуваат. Она кое можам да го дадам е дека Грција го призна нашето право за само определување, нашето право за само определување е наше чувство и секако преговори по нашиот идентитет, нашиот македонски јазик нема и не треба да има, ниту некој тоа го бара. Бугарија е пријателска земја и Бугарија јавно истакнува дека го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Таа ја призна реалноста. Јас верувам дека работните групи кои разговараат секако ќе ги изнајдат решенијата навистина очекувам од бугарскиот народ, од бугарското лидерство да направи конкретен прецизен чекор за македонскиот народ и македонскиот јазик. Уште еднаш сакам да појаснам дека нема нов договор, нема нов анекс на договорот. Ние сме спремни да ги појасниме, да ги допрецизираме, изјавиме или како е тоа потребно одредени работи. Навистина имаме многу успеси, 10 седници се одржани, најдени се решенија за пет историски личности, за три историски периоди. Продолжуваме и понатаму. Водиме грижа еден за друг низ разговорите. Така се гради пријателството, а верувам дека имплементацијата на она што е екстра очекување од самиот договор, на кој што полагам голема надеж како што е договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија за соработка и добрососедство. Пред се во неговата економска имплементација, инфраструктурна имплементација итн. Уште еднаш ќе ги охрабрам комисиите да продолжат навистина низ духот на пријателството. Да ги наоѓаат овие заеднички историски периоди кои не поврзуваат за да заедно славиме. А тоа полека да не сплотува и зближува како добри соседи и како две пријателски земји”.