Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стојанче Ангелов за смртта на Игор Ангеловски: Шокиран сум од сознанието дека овој силен, здрав и прав млад човек почина од компликации предизвикани од Ковид 19

Фејсбук статус на Стојанче Ангелов:

Од Ковид 19 почина Игор Ангеловски – Гиле (41) поранешен припадник на т.н. единица “Биди Тигар”, формирана во втората половина на 2001 година во склоп на ЕСЗ Тигар.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот на последната техничка влада. Претходно работеше во Единицата за специјални задачи на МВР „Тигар“, беше инструктор во Центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор во крим. техника во СВР Велес. Исто така беше и инспектор за обeзбедување на ВИП личности и објекти.

Шокиран сум од сознанието дека овој силен, здрав и прав млад човек почина од компликации предизвикани од Ковид 19. Игор не можеме да го вратиме но во оваа прилика чувствувам потреба да повикам да се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 без разлика дали и колку верувате во нив.

Искрено сочувство до семејството.

Бог да го прости!

https://www.facebook.com/stojance.angelov/posts/3698323273588271/

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК