Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Од утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела имаше намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Бензините поевтинија за половина денар за литар, додека цената на дизелот остана иста.

Со тоа малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 61 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) останаа 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,109 денари за килограм се намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 26,754 денари.

Останува да видиме дали не чека ново намалување на цените и утре.

Можеби ќе ве интересира

МАПАС со соопштение за функционирањето на капитално финансираното пензиско осигурување

ДЕСК

КОЛКУ ВРЕДАТ 100 ЕВРА И 100 ДОЛАРИ ВО ДЕНАРИ? – Објавена курсната листа на Народната банка за 7 ноември

ДЕСК

Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

ДЕСК