Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тешка сообраќајка кај Сопиште – Се судрија три автомобили и автобус, има повредени

На 23.10.2020 во 18,20 часот било пријавено дека во Сопиште-скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(36) од Скопје, патничко моторно возило “матиз“ со скопски регистарски ознаки,, управувано од И.Б.(47) од Скопје, патничко моторно возило “цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Ѓ.(70) од Скопје и автобус “лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(40) од Скопје.

Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

РЕДИЦИ ПРЕД АЛТА БАНКА ВО БИТОЛА – Почна исплатата, Итната помош интервенираше кај граѓани

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ ВО КУМАНОВО – Обвинителството потврди истрага за изнуда и перење пари

ДЕСК

ЗАКАНИ КОН СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР – Кривична пријава против 52-годишник кој пресретнал службено возило

ДЕСК