Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНОТЕМА

Реконструкиран булеварот Видое Смилевски Бато во Аеродром

Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, деновиве заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот Видое Смилевски Бато во општина Аеродром.

На потегот од крстосницата со булевар Србија до булеварот Февруарски поход, во должина од седумстотини метри во двете насоки на булеварот В.С.Бато, освен реконструкцијата на асфалтот, во изминатиов период беше направена и нивелација на постојните шахти и сливници за одведување атмосферска вода, како и замена на оштетените рабници.

„Со оваа реконструкција направен е уште еден градежен зафат што во иднина ќе влијае врз олеснувањето на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, бидејќи со целосната реконструкција на булеварот Февруарски поход, завршувањето на првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, како и градбата на новиот мост од улица Васко Карангелевски кон Ќерамидница, граѓаните ќе добијат уште една сообраќајна алтернатива за намалување на времето што го поминуваат во возилата“, велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СЕ МЕНУВА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Ноќна трка на пет и 21 километар

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – Изменето движењето кон гробиштата поради Задушница

ДЕСК

Левица: Во очи на „Скопје европска престолнина на културата“ – ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ

ДЕСК