Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Почина Амди Бајрам

На 64 годишна возраст почина Амди Бајрам.

Бајрам според информациите починал во приватна клиника, неофицијално причината била проблеми со срцето.

Амди Бајрам е роден во Скопје во 1956 година и има завршено средно трговско училиште. Првпат станува пратеник во 1994 година, како член на Партијата за целосна еманципација на Ромите.

По две години, ја основа Сојуз на Ромите и е нејзин претседател. Тој е познат и по неговата изјава во 1998 година, кога победата на Бранко Црвенковски на парламентарните избори ја предвидува со „102 проценти“.

Бајрам од 1998 година до 2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК