Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Љупчо Николовски: Со жалост изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам

Со жалост изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам, кој почина денеска, напиша Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

– Во овие моменти на тага сочувствуваме со Вас, за вашата загуба која знаеме дека не може да се надомести.

Амди Бајрам беше долгогодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија, наш коалициски партнер со кој имавме принципиелна соработка, кој учествуваше и во важните процеси за напредок на земјава.

Нека почива во мир, напиша Николовски во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2845827612305426

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК