Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Денес со гордост се сеќаваме на македонските револуционери, на кои им се поклонуваме

Фејсбук обраќање на премиерот Зоран Заев до нацијата по повод денешниот празник Денот на Македонската револуциoнерна борба:

Денеска го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и со гордост се сеќаваме на македонските револуционери, на кои им се поклонуваме и ја чествуваме нивната пожртвуваност, челична истрајност и нескршлива волја за слобода, правда, еднаквост, независност и сопствена државност.

Цветот на македонската младост и интелегенција собран околу Македонската револуционерна организација ја понесе борбата за вековниот идеал на македонскиот народ, создавањето сопствена држава.

Храброста на овие дејци блесна во Илинденското востание со што беше поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност, а нивната саможртва одекна надалеку меѓу народите во слободољубивиот светот.

Борбата на македонските револуционери никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту пак за доминација на едни врз други, туку за владеење на принципите на правда, одговорност и еднаквост.

Учејќи од цивилизациското наследство кое ни го остави македонската револуционерна борба ги отфрламе политиките на поделбите, а водени од желба за подобар живот и благосостојба ги повикавме сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, да се обединиме околу создавањето едно праведно општество за сите.

Борбата на македонските револуционери никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Во духот на овој завет, во име на нашата единствена иднина како дел од демократскиот и прогресивен свет, со членството во НАТО и Европската Унија, пруживме рака за соработка со сите наши соседи.
Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче ја продолжува политиката на национални отстапки, нема да има уставни измени без гаранции

ДЕСК

НЕ ПОЧИТУВАЛ СИГНАЛИЗАЦИЈА И ВОЗЕЛ ПОД ДЕЈСТВО НА ДРОГА: Нови детали за трагичната несреќа во Скопје

ДЕСК

СОНЦЕ, ТОПЛИНА И ПОПЛАДНЕВНА НЕСТАБИЛНОСТ: Еве какво време нè очекува на 31 мај

ДЕСК