10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(видео и фотогалерија) Над 80 санкции за еден час во Кочани и Виница, над 14.000 за помалку од месец во државата

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кочани и Виница, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кочани.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Тони Ангеловски, портпарол на МВР

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кочани и Виница да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Кочани и Виница се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кочани и Виница ќе бидат презентирани утре.

 

 

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

„Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби

M T

Акција на Интерпол во 77 држави против криминал со моторни возила

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

МВР и Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција се приклучија кон кампањата на UNODC – „Use and Abuse of Technology”

M T