Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претежно сончево време, со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК