3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Поголем дел од Скопје ќе остане без вода – важно известување од Водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека како разултат на голем дефект на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, голем дел од корисниците од град Скопје ќе имаат прекинато водоснадување или намален притисок.

Имено станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цефка од ф1400мм, а со тоа голем дел од град Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето, односно населбите: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

Имајќи ја предвид природата на дефектот, кој е од големи размери, известуваме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со ЈП Комунална хигиена обезбеди цистерни со техничка вода кои ќе циркулираат во овие делови на градот. За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно Информативниот Центар на телефонскиот број 02 3073 010.

Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните во овие делови на град Скопје. Воедно уверуваме дека тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато ќе работат со цел брзо отстранување на дефектот и нормализирање на водоснадувањето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

209 сообраќајни прекршоци во Скопје

M T

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

174 санкционирани возачи во Скопје

M T

Ристо Пенов – таткото на современата функционалност на Скопје: Новата Автобуска, Водњанска, Плоштадот, стазата на Кејот…

CENTAR MKD

164 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

M T

108 санкционирани возачи во Скопје

M T