Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Почина докторот кому му се слоши и имаше сообраќајка попладнево на Рузвелтова

Трајче Нешковски, 32-годишниот пулмолог, почина попладне откако удри во дрво на Рузвелтова во Скопје, откако му се слошило и изгубил контрола врз возилото, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

По сообраќајката бил пренесен во Ургентен со Брза помош, но не успеала реанимацијата.

„Пациентот почина по час и пол реанимација. Телото е предадено на Судска медицина за да се утврди точната причина за смртта. Станува збор за наш млад колега-специјализант, кој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле, а денеска беше на должност на Инфективната клиника. Нашите индиции се дека нешто му се случило“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК