14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски за Алсат: Сега имаме систем во кој никој не е привилегиран и заштитен и никој не смее и не треба да биде над законот

Вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во емисијата “Економски магазин”, на Алсат телевизија  изрази задоволство што јавноста реагира на слуачите како со наводаната злоупотреба во Националната агенција, бидејќи до пред неколку ова општество беше целосно затворено, поклопено, а ние сега  ние живееме и се бориме против едно такво општество.

Пред само три години се трошеа стотици милиони за непродуктивни расходи, за трошоци, што врска немаат со реалниот живот со подобрувањето на животот на граѓаните, истакна Николовски, додавајќи дека сега имаме стотици афери и постапки за разно разни сериозни финансиски злоупотреби.

Нема ништо чудно во тоа, јавноста ќе реагира за било што, што е неправедно или е можно незакониото дејствие на било кој функционер, така што очекуваме институциите  целосно да си го одработат случајот, а било што што ќе излезе ќе го претставиме најотворено, најтранспарентно, ќе се бориме против корупција, нагласи Николовски.

Тој рече дека колку е подобар и посилен и полесен пристапот до сите информации, ние ќе имаме многу помала корупција и злоупотреби, затоа што не е само Македонија земја во која корупција има на различни нивоа, има земји кои што се многу постари, 70-80 години се борат против корупцијата и уште тоа им е главна тема.
Ова е влада што целосно стои на темелните вредности на уставниот поредок, во изминатите три години се отворија разно разни случаи, кои што во претходниот период се криеја, никогаш нема да престанеме да ги зборуваме случаите на режимот од 11 години, затоа што  не можеме да се правиме слепи, се случија милијарда пати посташни работи, а добро е што сега имаме состав во кој никој не е заштитен и никој не смее и не треба да биде над законот, истакна Николовски.

Токму заради тоа влегуваме во решавање на слуачевите, новинарите, јавноста имаат пристап до информациите, граѓаните бурно реагираат затоа што состојбата е таква, никој не е заштитен или привилегиран во државата и секако дека надвор од кривичната постапка следува политичка одговорност, тоа е впрочем и улогата која на почетокот почнавме да ја пркатикуваме на ниво на влада и затоа и ја воспоставувме позицијата вицепремиер за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, што значи дека навистина мора да почитуваме ред и дисциплина и никој да не биде над законот, порача вицепремиерот Љупчо Николовски.

Спонзорирано: