Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Петре Шилегов: За Дамјан. Се знаеме одамна, бајаги години…

Фејсбук статус на Петре Шилегов:

За Дамјан:
Се знаеме одамна. Бајаги години.
Се сеќавам кога ме викна некаде во јуни 2013 и ми рече: ќе те прашам нешто, знам дека ќе одбиеш, ама мора да те прашам. И ме праша. И не одбив. И така станав портпарол на СДСМ 😊.

Од тогаш, па до денес, поминавме многу. Ама баш многу. Години на тешки борби, години на принципиелно политичко дејствување, но и години кои што едноставно не можеш и не сакаш да ги избришеш од својата меморија. Крваревме заедно на 27-ми и издржавме. И носевме тешки одлуки. Заедно. И да. Успеавме. Македонија во НАТО, пред вратите на ЕУ.

Кога влегуваше во Влада за министер, ми рече, оди ти, исто е. Кога ме кандидираа за градоначалник, му реков, оди ти, исто е. Толку сме искрени еден кон друг (и ми беше шеф на штаб на изборите 2017).

И пред еден месец пак ме побара, да ми каже (праша) што да прави со понудата да помине во приватниот сектор и да ја напушти политиката. Прашање на кое само тој можеше да даде одговор. А сепак, одговорот го побара и од мене 😞 .
Не се сомневам во твојот успех друже. Затоа што знам што ти претставуваат предизвиците во животот.
П.С. Ова е за политичкиот емотивен дел. Си знаеш за нашата дружба која што продолжува

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКИ РЕАКЦИИ ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Стојаноска ја обвини Вреди дека му помогнала на ДУИ

ДЕСК

ТРИЕСЕТ ДЕНА ПРИТВОР ЗА 20-ГОДИШНИК – Осомничен дека нападнал дете пред „Јане Сандански“

ДЕСК

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК