23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) За еден час во Велес 70 санкции, над 10.000 санкции за дваесетина дена во државата

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Велес, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Велес.

„ Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега во овие дваесетина дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 10.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Велес да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„ Само за еден час во денешната акциска контрола во Велес се изречени 70 санкции, пред се мотоциклисти што не ги почитуваат прописите, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Велес ќе бидат презентирани утре.