Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Љупчо Николовски: Димова да ги презентира сите информации за случајот за да се расчистат сомнежите

Периодов една од темите кои ја засегаат јавноста, за жал, е доделувањето финансиски средства од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски.

– Од директорката Димова се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира.

Во меѓувреме, Владата и јас како Вицепремиер, очекуваме од надлежните органи во најкус можен рок да спроведат соодветни постапки, да го испитаат случајот и навремено да не информираат за исходот и нивните наоди, односно фазите на постапката.

Паралелно на тоа, доколку се утврди дека постои пропуст кај функционер, врз основа на новиот етички кодекс ќе биде побарана и политичка одговорност.

Ја охрабрувам јавноста да реагира, како што реагира и сега. Ова е Влада со јасна заложба за максимална транспарентност. Никаков сомнеж за злоупотреба не смее да се крие, а на државните органи е истите темелно да ги испитаат и да носат чесни одлуки согласно законите, соопшти Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Крвав инцидент со пукање во Скопје: Младо момче рането со остар предмет од друго лице кое подоцна се вратило со огнено оружје и пукало

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК