Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост

Премиерот Зоран Заев упати честитки за празникот 11 Октомври.

-На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност. Со овој голем историски чин започна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот.

Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации.

Благодарение на овој пркос, денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена и со сојузничка армија, со државна валута и со сите постулати на државност.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!, напиша премиерот на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК