Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со нови апсења: Приведени крадци од струмичко

Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, на 09. и 10.10.2020, по претходни оперативни сознанија, во с.Иловица, струмичко, од слобода лиши три лица поради сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби во куќи на подрачјето на Струмица и околните села.

Во СВР Струмица биле приведени Ш.М.(32), С.М.(18), двајцата од село Иловица и 17 – годишен малолетник од с.Свидовица. Во врска со кражбите, на разговор во СВР Струмица бил повикан и Ш.М.(18 ) од с.Иловица.

Расчистени се тешки кражби кои ги извршиле во куќи во с.Колешино и с.Куклиш и пронајдени се и одземени повеќе предмети кои им припаѓаат на оштетените. Исто така, извршено е и препознавање на Ш.М.(32) од страна на оштетените.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК