Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

437 санкционирани возачи во Скопје, од кои 140 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 437 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 50 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, 40 технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мотоцикли, 79мерки за непрописно паркирање, 48 се подигнати со пајак, а изречени се 59 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК