Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Наместо да оди во самоизолација, заменик министерот за здравство гостува по емисии и се спрема за кафе во Приштина?

Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, од редовите на ДУИ, кој воедно е и лекар (!), во гостување на телевизијата Клан Македонија призна дека седел во локал со 4 лица, од кои едното е позитивно на коронавирусот, пишува Frontline.

„Јас вчера бев на една маса со 4 лица… од кои кај едниот од нив денеска излегол со резултат дека е позитивен. Иако држевме доволно дистанца меѓу нас, иако беше надворешен амбиент. Но многу подруго е да се контролираат 4 лица, отколку 12 лица…“, изјави Хасани во вчерашното гостување на Клан МК, пишува Фронтлајн.

Се поставува прашањето, зошто заменик – министерот не е во самоизолација по контактот со заболено лице, туку гостува во ТВ емисија, доведувајќи во потенцијален ризик и други луѓе, прашуваат од Фронтлајн.

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Државата не е подготвена за укинување на техничката влада

C +

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

C +

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

C +