Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Позитивниот извештај од ЕК за напредокот на земјата е доказ за успешноста на реформите

Извештајот на Европската комисија ги препознава и вреднува заложбите и спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ и нејзината посветеност во интегративниот процес кон ЕУ, соопшти СДСМ.

„Вистински мотив е што во извештајот на Европската комисија (ЕК) за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво.

Во извештајот е нотирано дека Северна Македонија во голем број области постигнува висок степен на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

ЕК во извештајот за Северна Македонија посебно ги издвојува наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од што може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони.

Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан предвидува финансиската поддршка од 9 милијарди евра преку ИПА, и тоа во комбинирана форма на грантови, како и поволни заеми со цел да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија.

Оваа финаниска поткрепа е силна порака и поддршка за европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува силно посветена на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Реформите важни за граѓаните, важни за европската иднина на државата продолжуваат уште повеќе и уште подобро“, велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК