Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дали Мицкоски намерно предложил вонреден Конгрес за да си купи уште шест месеци во претседателската фотелја на ВМРО-ДПМНЕ?

На синоќешната седница на Централниот комитет, според информации внатре во партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дал предлог за одржување на вонреден Конгрес, што бил едногласно одбиен од страна на членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали ваквиот потег на Мицкоски е обичен внатрепартиски популизам или зад него се крие обид преку блеф Мицкоски да обезбеди уште некој период на чело на ВМРО-ДПМНЕ?
Според членот 31 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ право на свикување вонреден Конгрес имаат претседателот на партијата, како и најмалку една половина од членовите на Централниот комитет.

Мицкоски имал право да предложи свикување вонреден Конгрес исто како што и членовите на ЦК имале право да не го прифатат, односно да го одбијат таквиот предлог. Но во истиот член од Статутот јасно е наведено дека во случај предлогот за свикување вонреден Конгрес да не биде прифатен, тогаш барање за поведување на нова постапка за негово одржување на може да се иницира.

Исклучок за ова се прави само ако предвреме престане мандатот на претседателот или ако се менуваат целите и задачите на партијата, нешто што е речиси и невозможно да се случи наскоро.
Дали со овој потег Мицкоски само сака да си обезбеди барем уште 6 месеци на чело на ВМРО-ДПМНЕ останува да се види, имајќи предвид дека од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се погласно најавуваат дека тој ќе се одржи веќе во текот на следниот месец.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК