Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на педијатрија.

Како што информираат од МВР, станува збор за 32-годишен маж, против кого ќе биде поднесена пријава.

„С.И. го нападнал лекарот, кој завршил со исеченици и хематом, откако лекарот му рекол дека неговото малолетно дете, со кое таткото бил на Клиниката за токсикологија, треба да се однесе на педијатрија“, информираат од МВР.

Синоќа министерот за здравство Венко Филипче го осуди инцидентот.

„Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент. Лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК