Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Филипче: Нема поголемо задоволство кога дете насмеано и здраво заминува од болница.

Фејсбук статус на Венко Филипче:

Нема поголемо задоволство кога дете насмеано и здраво заминува од болница. ❤️ Нема посреќно чувство во тие моменти за неговите родители, другарчиња, најблиски. Децата ни се сѐ во животот и даваме максимум за нивна насмевка. Многу сум горд на тимот од Клиниката за детски болести, затоа што успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%. Имаме врвен стручен тим од лекари со кои треба сите да се гордееме. Денеска пуштивме 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните болести кај децата и адолесцентите. Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК