Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Дури 31 починат од коронавирус во последните 4 дена во Македонија

Во последните четири дена, починати се вкупно 31 пациент, од кои 8 само во вчерашниот ден.

Во средата и четвртокот беше соопштено за по 7 починати, додека во вторникот беше објавена информација за 9 починати.

Во изминатите денови расте и бројот на новозаразени па така денес беа регистрирани нови 144 коронавирус пациенти, а вчера дури 186.

Од почетокот на пандемијата во Македонија се регистрирани 683 смртни случаи, додека се заразиле вкупно 16.417 лица.

2002 случаи се активни на ковид 19.

Досега се направени 172.700 тестови, што значи дека десетина проценти од нив испаднале како позитивни на ковид 19.

Можеби ќе ве интересира

Исмаил: ДПМНЕ го резервира буџетот за НАТО со скок за 20%, а ги пустоши во двоцифрени проценти програмите за деца, социјална заштита и превенција од насилство

ДЕСК

Мојсоска: ДПМНЕ три месеци го држи предлог-законот за семејно насилство во фиока и издвојува само трошки за заштита на жртвите – седум жени платија со живот поради институционалниот хаос

ДЕСК

Петрушевски: Речиси двојно помалку пожари како резултат на работата и инвестициите на оваа Влада

ДЕСК