22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Панама пере пари, а обвинителството спие

„Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака, а обвинителството спие. Згора на тоа Маричиќ кој треба да се бори против тој криминал вели дека не слушнал за скандалот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, инвестицијата на Дака е панамска шема за перење на пари во Македонија одобрена од Заев, со кого Дака имал средба како што слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, по што дал и 300.000 евра и 2000 метри квадратни поткуп за да му се заврши работа. Но и ветување дека откако ќе се заврши работата ќе даде уште 4 милиони евра.

„Фирмата на која гласи земјиштето на ШИК Јелак на кое е предвидена изградба на над 2000 станови, и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти е формирана во Панама – Адастра груп корп, а Давидовиќ Дака е нејзин сопственик, а истата во Македонија го купила ШИК Јелак со обврска да ја рестартира фабриката. Што не се случи затоа што Заев ижа друга бизнис шема.
Еден ден по формирањето на владата работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла во сред Тетово. На простор на објект, кој истиот го зема со намена да го рестартира како производствен капацитет.

Заев и владата прават измама и на Дака му дозволуваат да гради згради на место кое требало да биде фабрика. Место кое доколку првично се продавало како парцела за станбени згради ќе посигнело многу повисока цена, од цената која ја платил Дака. А со тоа е оштетен буџетот на Македонија“, се вели во соопштението.

„Целиот процес е крајно сомнителен. ЈО мора веднаш да отвори постапка и да утврди:каде завршиле 300.000 евра и 2000 метри квадратни кои Дака вели дека ги дал во снимката? Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито? Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште на кое сега ќе гради згради? ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T