Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Жештината ќе попушти, следува заладување: Метеоролозите најавуваат невреме со дожд и грмежи во делови од Македонија

Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните подрачја. Во петок ќе дува засилен северен ветер.

Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 17.09.2020
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 26°С до 31°C
Сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Прогноза за 18.09.2020
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 30°C
Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност, особено во јужните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 19.09.2020
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до Мицкоски: Сакате и понатаму да одвлекувате внимание од мигрантите или ќе ја потпишете Резолуцијата?

ДЕСК

Филипче: Социјални станови наместо шатори, мигрантскиот план е прочитан!

ДЕСК

Алиу на секторската работна група за здравство: Презентиран напредокот на националниот систем за трансплантација и реализација на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.