Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фото) Со луксузни кабрио мерцедеси, ВМРО ДПМНЕ протестира против сиромаштија

ВМРО ДПМНЕ денеска оддржа протест против сиромаштијата, но наместо на протестот да излезат сиромашни граѓани, таму можеа да се забележат луксузни возила од марката мерцедес, во кабрио варијанта со ожни седишта.

– Доле лопови пишуваше на постерот закачен на “мерцедесот”.

Ваквите слики од демонстрациите низ Скопје кои навидум се многу слаби за толку голема политичка партија, предизвикаа бура од реакции кај граѓаните, пред се’ поради фактот што функционери на ВМРО ДПМНЕ додека беа 11 години на власт, на државна сметка јадеа месо од бизон и пиеја скапи вина, а купија автомобил марка мерцедес вреден речиси 600.000 евра, со екранчиња на задните седишта, за како што можевме да слушнеме од прислушкуваните разговори децата на врвниот екс-функционер да може да гледаат цртани.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК