23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Заев на средба со ССК: Државата е стабилна, следува намалување до 75% на парафискалните давачки до 2024 година

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министрите задолжени за економските ресори Фатмир Битиќи – заменик на премиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Фатмир Бесими – министер за финансии, Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање и Венко Филипче – министер за здравство, денеска имаа средба со претставници на Сојузот на стопански комори.

Премиерот Заев им порача на деловните луѓе, претставниците на најголемиот број на мали и средни претпријатија во државата, членки на Сојузот на стопански комори дека Владата е тука, да помогне и подаде рака на бизнис-секторот.

„Неслучајно во првите денови од работењето на новата Влада сме на средби со нашите македонски комори затоа што фокусот е на економијата и правниот систем. Државата е стабилна и постои да им помага на граѓаните, на стопанството и во дијалог со стопанските комори и синдикатите и сите учесници во општествениот живот ќе бидеме со намера за им служиме, да бидеме најдобар сервис и за време на корона-кризата, за која најавуваат дека ќе продолжи следните 6 до 8 месеци.

Во такви околности, државата почна со процес на дискусија, дебата и консултации за креирање за следни пакети-мерки за поддршка на стопанството, економијата и граѓаните.

Владата е стабилна, коалицијата што е формирана е силна, изградена на основа на вредности и испраќа порака на предвидливост, што е значајна за планирање и проекција на економските процеси и инвестиции. Најавуваме период од четири години каде што нема да има вонредни парламентарни избори“, истакна премиерот Заев и најави стабилен период и во даночната политика.

„Данокот на добивка останува на ниво од 10% и продолжуваме со одложување на аконтациите од данокот на добивка. Данокот на личен доход останува исто така на 10%, но остануваме доследни на воведувањето на правичното прогресивното оданочување преку инклузивен процес на разговори и дебата, која треба да биде од полза и на компаниите и на граѓаните. Останува и заедничката заложба за искоренување на сивата економија која е поголема од 30% и нанесува штета врз буџетот и парите на граѓаните и чесните фирми во нашата земја, преку мерки креирани заедно со УЈП, македонски царини и државните инспекции и преку зајакнување на инспекциските служби“, рече Заев.

Во однос на намалување и укинување на пара-фискалните давачки што се побарувања на стопанските комори, премиерот Заев рече дека таргет на новата Влада е до крајот на мандатот 75% од пара-фискалните давачки да ги отстранува и истовремено да има одредено намалување на даноци, со цел стимулирање на развој на економијата и новите информатички технологии и тоа скалесто до 2021 година од 18% на 5%, до 2022 на 3% и 2023 година на 0%. Во делот на угостителството и туризмот, за ресторанските услуги ќе воведеме единствен данок од 10%“, додаде Заев.

Спонзорирано: