Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мисовски: Оваа Влада ќе трае, следува период на трансформација и европеизација на државата

Пратеникот од НСДП Горан Мисовски на денешната дебата во парламентот посветена на изборот на новата Влада предложена од мандаторот Зоран Заев, истакна дека сега следува период на европеизација на државата.

Тој од говорницата направи споредба меѓу оствареното од Владата предводена од СДСМ во изминатите 2,5 години, што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го нарекува црнила.
Во кој дел Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаат црнила, што е црно, а што бело, дали се црнила тоа што Зоран Заев е првиот премиер што зборуваше на македонски јазик во Стразбур, дали се црнила што државата стана полноправна членка на НАТО или што започнува преговори за членство во Европската унија. запраша Мисовски.

Дали се црнила што ја покачивме минималната и просечната плата, што ја намаливме стапката на невработеност, што се зголеми просечната пензија и бројот на дечиња, што користат детски додаток, праша Мисовски.

На 12.000 стечајни работници им обезбедивме социјална сигурност, а од ВМРО-ДПМНЕ добија полициски пендрек, рече Мисовски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +