Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

БМВ излетало од патот, а возачот побегнал- во автомобилот пронајдени мигранти

Возило излетало од патот кај Демир Капија, по што возачот седал во бегство, а во неговиот автомобил биле пронајдени мигранти.

„На 28.08.2020 во 16,10 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот се дал во бегство.

Во возилото пронајдени биле осум мигранти (седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни)“ велат од полиција.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК