Секторот за внатрешни работи Штип при Бирото за јавна безбедност на МВР поднел кривична пријава против К.Ѓ., член на Совет на општина Кочани, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ на последните парламентарни избори.
Според кривичната пријава, постои основано сомневање дека К.Ѓ. на С.Џ. од Виница му ветил дека ќе го вработи неговиот син доколку тие и други лица гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и тие поради тоа гласале за оваа партија. На 15 јули К.Ѓ. со своето возило Опел од градскиот плоштад во Кочани го зел С.Џ и други лица и ги однел до гласачките места да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Од МВР потврдуваат дека е поднесена кривична пријава против К.Ѓ.