Група кумановци биле вратени од Италија откако на напознат начин влегле во земјата за да берат јаболки, иако има забрана за влез на лица од Македонија, информираат тамошните медиуми, пренесува „24 Инфо“.
Според одлука на Министерство за Здравство на Италија од 02.07.2020, со цел спречување и намалување на ширењето на Ковид19 се забранува влез и транзит на италијанска територија на лица кои во изминатите 14 дена престојувале или транзитирале во Македонија.
Поради тоа италијанската полиција вршела интензивни контроли на патиштата, особено на лица кои доаѓаат од Македонија, БиХ, Србија, Молдавија, Косово, Еремнија и Црна Гора.
Кумновците биле приведени минатиот четврток на автопатот А/28 во Општината Порчиа, на северот на Италија, во близина на границата со Словенија. Полицијата запрела комби со бугарски национални ознаки, во кое имало деветмина кумановци.