Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери, велат во соопштение Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека ние не сме имале ниту една официјална средба и ниту друга средба на тема за учество во новата влада и нема да преговараме пред легалниот, но нелегитимен победник на изборите, во албанскиот камп, односно ДУИ, да го исцрпи правото за да биде дел од идната влада. Јавноста треба да знае дека заврши времето кога албанците се туркаа пред вратата на влада, кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот.
Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери.
Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде Премиер, ние со нашите 12 Пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партиа нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција.
Кога сме веќе тука, сакаме да ве изветиме и за средбата на Тркалезната Маса на Парламентарните Албански Партии. И покрај неоснованите и навредливите зборови на Претедателот на ДУИ кон нас, кои не се новости во нејзиниот речник, сакаме да соопштиме дека ние на 07.08.2020 година, ја примивме поканата за учество и на 10.08.2020 година, на истата позитивно сме одговориле, барајќи истата да се одложи за неколку дена и да се одреди дневниот ред на средбата. Но наместо пролонгирање на датумот, тие што не поканеа ни одговориа истиот ден, после нашето писмо, одредувајќи го дневниот ред, но без пролонгирање на датумот на средбата. Од таква наметнета позиција, нас ни се одзема можноста да учествуваме на таа средба, и подтекстот на ова покана било ние да не учествуваме и средбата да не се одржи. Како и да е, без оглед на ова ние посакуваме Тркалезната Маса на Парламентарните Албански Партии да продолжи, како инструмент за координација на албанските ставови во Република Македонија, и во иднина да се надминат ови пречки.
За крај, уште еднаш ве повикаме кратко и јасно „Или Насер Зибери Премиер, или одете во опозиција„велат во соопштението.