Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со честитка за Курбан бајрам: Празникот нека нѐ води кон подобра и посветла заедничка иднина

По повод празникот Курбан бајрам, Зоран Заев во свое лично име и во име на СДСМ упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

„Почитувани граѓани, на сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан бајрам, со срдечни желби денот да го минат во добро расположение со своите најблиски и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Овој празник е празник преку кој се шири добрината и е потсетник дека токму солидарноста, еднаквоста, меѓусебното помаѓање и почитување се вредностите околу кои сите треба да бидеме обединети.

Само на овој начин, ако вистински се почитуваме и помагаме, ако бидеме солидарни едни кон други, ќе успееме да изградиме еднакво и праведно општество на почитувани и задоволни индивидуи.

Нека вредностите и духовноста што овој празник ги носи со себе нè водат на патот на подобра и посветла иднина за сите“, стои меѓудругото во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК