14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

На Клиниката за урологија двајца пациенти добија бубрег од починат донор

На Клиниката за урологија докторите вршат пресадување на два бубрега од 46-годишен пациент кај кого вчера била потврдена мозочна смрт, информираат од Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче истакна дека во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35-годишна жена, која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација.

„За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два живота. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот“, нагласи министерот.

Од ресорното министерство информираат дека ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава.

На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Претходно имаше уште четири трансплантации на бубрези од жив донор.

Спонзорирано: