6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Најнова вест: 188 новозаразени и 5 починати од корона

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13, Ресен-4.

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.
Направените 1971 тест се преку: ИЈЗ-956, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-126, Биотек-119, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-261, Систина со PCR метода -137, Лаор-104, Судска медицина -11, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-18, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Спонзорирано: