Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Од денеска етапна исплата на јулските пензии

Исплатата на пензии за месец јули почнува од денеска. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира четврти месец по ред, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот .

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во вторник, на 28.7.2020 година, исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– В среда, на 29.7.2020 година, исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– В четврток, на 30.7.2020 година, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– В петок, на 31.7.2020 година, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник, 28 јули. Тие можат да ја подигнат јулската пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

МТСП потсетува на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК