Доколку сакате вашиот сопруг или долгогодишен партнер повторно да се заљуби во вас, ослободете ја имагинацијата и старата страст повторно ќе пламне. За почеток можете да се потпрете на нашите шест предлози кои сигурно ќе ви бидат од помош за повторно да се зближите.
Облечете се провокативно
Мажите сакаат предизвикувачки потттикнувања. Искористете го тоа и облечете го она што знаете дека ќе го возбуди вашиот партнер, на пример секси долен веш, но од материјал кој тој го посакува и боја која навистина го возбудува. Најважно е да си поиграте со него, оставете му простор да ве гледа доволно долго за да и се воодушевува на вашата убавина, а потоа полека почнете да се соблекувате.
Љубовен оброк
Нека вашата жешка предигра почне уште на маса. Подгответе лесна вечера и аранжирајте ја само за вас двајца. За ова љубовно мени најдобри се малите и лесни порции со прилози како ананас, шпаргли или школки, бидејќи овие намирници ја будат желбата за секс.
Заменете ги улогите
Колку и да сте во брак или во врска, секогаш можете да му приредите неочекувано изненадување на партнерот. Договорете се со него да се сретнете во некој бар и правете се дека не се познавате. Вакквата игра одлично ќе делува врз вас и врз вашата посилна половина. Кога доволно ќе ја загреете атмосферата, тргнете накај дома и продолжете со играта.
“Запалете го“ со коцки мраз
Кожата е најчувствителниот орган и тоа треба да се искористи во вашите страсни магии. Милувајте го партнерот по градите со коцки мраз или наизменично ставајте му капки жешка и ладна вода на кожата. Бидете внимателни и во него ќе го разбудите вистинскиот вулкан.
Масажата релаксира
Масажата истовремено делува релаксирачки, но таа е и добра предигра, посебно ако користите миризливо масло. Мирисите како ванила или мошус во комбинација со допири делуваат исклучително еротично. Ќе направите полн погодок ако за време на масажата случајно му ги допрете градите. Потоа заменете ги местата, нека ве масира тој вас.
Жешка игра со прсти
Играта со прсти е посебна игра, која подеднакво ќе ве возбуди вас и вашиот партнер. За почеток посветете се интензивно на неговите прсти, така секој негов прст поединечно ќе го ставате во уста и нежно ќе го бакнувате. Тоа лудо ќе ја подгрее неговата фантазија, бидејќи секој маж сонува за еротска игра со прсти.