25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Седница на ИК, вината за изборниот пораз Мицкоски сака да ја префрли на поранешните градоначалници од ВМРО ДПМНЕ

 Вината за третиот по ред изборен пораз претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обидува да ја лоцира во сите само не во себе и во сопствените погрешни политики.

Како што неофицијално дознаваме од наши извори на синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДСПМНЕ еден од предлог заклучоците бил дека вината за слабиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори лежи кај поранешните градоначалници од оваа партија.

Овој заклучок, според неофицијалните информации, ќе биде предложен на усвојување на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Мицкоски сака да ја префрли вината за третиот по ред изборен пораз кај поранешните градоначалници на ВМРО ДПМНЕ?

Покрај тоа што локалните избори се одржаа пред речиси три години, односно во октомври 2017 година?

Дали на овој начин Мицкоски сака да парира на прозивките за негова оставка?

Ова се трети избори по ред што Мицкоски ги губи и ќе треба посериозни аргументации.

Откако како генерален секретар на партијата и носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје ги изгуби локалните избори, Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби и претседателските избори што се одржаа во мај 2019 година, како и последните парламентарни избори што се одржаа пред една недела.