22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи: Се извинувам ако за време на кампањата сум сторил нешто лошо иако се обидов да не звучам навредливо и арогантно

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, по завршувањето на седницата на Државната изборна комисија на која не беше прифатен ниту еден приговор за изборни нерегуларности ги повика политичките партии на преговори за формирање Влада и се извини доколку во изминатиот период „звучел навредливо и арогантно“

„Откако се потврдија резултатите од ДИК, би сакал да им го честитам успехот на сите политички партии за постигнатите успеси, особено албанските политички партии кои покажаа зрелост во политичката трка и стапката на застапеност на Албанците во парламентот. Сега времето на конкуренција е завршено и сите ние мора да соработуваме за да формираме институции за да се соочиме со пандемија, нејзините економски последици и исто така да се подготвиме за почеток на преговорите (со ЕУ).

Ние ја подаваме раката на соработка со сите, со почит кон сите, да ги засукаме ракавите и да работиме за подобар живот за сите. Никој да не чувствува очај, ние ќе работиме за сите исто и без политички и етнички разлики. Се извинувам ако за време на кампањата сум сторил нешто лошо иако се обидов да не звучам навредливо и арогантно. Честитки до сите граѓани од сите заедници во земјата. За нас и за мене ќе имате само еден слуга кој се поклонува на вашата волја и искрена цел да го направи животот подобар за сите“, напиша Османи на Фејсбук.

Спонзорирано: