6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Две деца и двајца возрасни повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Вчера во 19:20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, на девијацијата пред селото Врбјани-општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патничките автомобили „фиат“ со кичевски регистарски ознаки управуван од А.А.(54) од кичевското село Гарани и автомобил „поло“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ф.(41) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.Х.(39) од селото Гарани, сопатник во возилото „фиат“ и Е.Е. сопатник во второто возило. Со телесни повреди се здобиле две малолетни лица- сопатници во првото возило.

Спонзорирано: