Некои не можат да замислат да спијат без чорапи, додека други едвај чекаат да ги соблечат.
Дали е исправно да спиете со чорапи на нозете или не, е прашање кое често си го поставуваме.
Некои велат дека неопходно е да ги соблечеме чорапите пред спиење, бидејќи на тој начин дозволуваме кожата на нозете да дише, која инаку преку цел ден е затворена во облека. А нас не интересира што велат стручњаците по ова прашање.
Имено, стручњаците од порталот sleep.org истакнуваат дека е добро да спиете со чорапи на нозете.
Ако на овој начин ги згреете стапалата, тоа предизвикува ширење на крвните садови. Сè тоа стигнува до мозокот и му дава знак дека е време за спиење. Топлината од нозете рамномерно се распоредува по целото тело.
Додека студените нозе можат да ви го отежнат заспивањето, топлите нозе побрзо ќе ве одведат во слатки сништа.
Некои истражувања покажуваат дека луѓето со чорапи на нозете заспиваат дури 15 минути побргу отколку кога спијат без нив.