Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 29.10.2026
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 30.10.2026
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.10.2026
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК