23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕКУЈНАИЗБОР

Дали навистина купуваме црн леб или обоен?

Црниот или ‘ржан леб е популарен меѓу луѓето кои се грижат за своето здравје. Таквиот леб би требало да се произведува од цело пченично или ‘ржано зрно, така што ги задржува сите важни хранливи материи.

При купувањето важно е да обрнете внимание дали црниот или интегрален леб навистина е црн или е само обоен.

Анонимен пекар кој е добро запознаен со боењето на лебот, тврди дека во црниот леб може да се додаде сe`. Од кафе, какао, вештачки бои па до црвено вино.

Со оваа метода се служат пекарите кои сакаат да заштедат и да заработат од вас.

Еве како да го препознаете вистинскиот црн леб?

Во сад со вода ставете парче од средината на лебот. Ако лебот избели, а водата потемни, значи лебот е обоен.

Црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот.

Црниот леб не може да биде прозрачен и да биде еластичен.

Средината на црниот леб има поситни дупчиња и помал волумен.

Мириса поинаку од белиот.

Спонзорирано: