24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Причините за поразот ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги бараат кај нив, на слободни, фер и демократски избори победи концептот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“

Соопштеие на СДСМ:
По третиот последователен пораз на избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да си ги бараат причините кај нив, наместо да бараат алиби.

На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Победи концептот за напредок, концепт што носи кон ЕУ и НАТО, концептот кој враќа назад е поразен, поразени сите се анти НАТО и анти ЕУ политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Оливер Деркоски, претседателот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите.

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ бараат изговори за поразот што им се случи, граѓаните кажаа што мислат за нивната понуда и повторно ги казнија нивните неодговорни, незрели и опасни политики.

Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе.