Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тече рокот за приговори за резултатите од парламентарните избори

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во земјава, почнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освои најмногу гласови и 46 места. СДСМ освои 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места. Демократска унија за интеграција (ДУИ) освои 104.587 гласови и 15 места, коалицијата Алијансата за Албанците – Алтернативна 81.229 гласови и 12 места, Левица 37.551 глас и две пратенички места, а Демократската партија на Албанците (ДПА) 13.891 гласови и еден мандат во парламентот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК